Достапни линкови

logo-print

Евроинтеграциите зависат од нас


Од прославата на позитивниот извештај на ЕК за Македонија

Од прославата на позитивниот извештај на ЕК за Македонија

Без разлика што проширувањето нема да биде приоритет на белгиското претседателство со ЕУ, напредокот во евроинтеграциите зависи од нас, односно од спроведувањето на реформите и спорот со името.

Во наредните шест месеци за време на белгиското претседателство со Европската унија, напредокот на Македонија во евроинтеграциите, според експертите, ќе зависи од владата и реформите кои треба да ги спроведе, како и од прашањето за спорот за името со Грција. Ни престои еден летен период кој новото претседателство малку ќе го искористи за активности поврзани со проширување на Унијата. Првите придвижувања на тој план може да очекуваме дури во есен, вели професорот Димитар Мирчев. Најважно е до тогаш
Зависи од нас, од Македонија, од реформите што сега мораме да ги изведеме до крај на годината и до есен, второ да се искористи времето за имплементација на законите што веќе се усвоени.
владата да биде сконцентрирана на исполнување на реформите и имплементација на законите, вели тој.

„Зависи од нас, од Македонија, од реформите што сега мораме да ги изведеме до крај на годината и до есен, да се оствари овој пакет на закони со европско знаменце, второ да се искористи времето за имплементација на законите што веќе се усвоени.“

Ние најмногу треба да очекуваме од нас самите, бидејќи новото претседателство не е многу заинтересирано за политиката на проширување на Унијата, вели политичкиот аналитичар Мерсел Биљали. Владата мора да ги заврши зададените задачи и преговорите за спорот со името, вели тој.

„Тоа друго е само рутина, особено кога се Белгијците кои не се баш многу заинтересирани за проширување на ЕУ и не се баш склони кон тоа процесот да се забрзува на тој план. Значи најважно и најпрвенство зависи од нас да ги решиме тие круцијални прашања што се очекуваат од нас, реформите и решавањето на спорот за името.“
Белгискиот министер за надворешни работи Стивен Венакере и белгискиот премиер во заминување Ив Летрм

Мирчев вели дека исполнувањето на еден од најважните услови за влез во Унијата, спорот со името, зависи
Јас мислам дека овие неколку недели Нимиц ќе има нова рунда на посети на двата главни града со некои нови предлози за кои многу се надевам дека ќе ни бидат
прифатливи.
од плановите на посредникот на ОН Метју Нимиц.

„Сега се е ставено во рацете на посредувачот Нимиц и јас мислам дека овие неколку недели тој ќе има нова рунда на посети на двата главни града со некои нови предлози за кои многу се надевам дека ќе ни бидат прифатливи.“

Белгија, претседавањето со Европската унија го презема од Шпанија. Главни приоритети на новото претседателство, како што најави белгиското министерство за надворешни работи, ќе бидат економската криза и формирање на нова дипломатска служба на унијата, позната како Европска надворешна акциона служба.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG