Достапни линкови

Будност пред терористичките закани


Вежба на припадници на МВР за справување со тероризам

Вежба на припадници на МВР за справување со тероризам

Секоја земја, па и Македонија може да биде цел на терористичките организации. Деновиве експерти од Турција ги обучуваат македонските оперативци за што поуспешна борба против тероризмот.

Македонија, како дел од меѓународната коалицијата за борба против тероризмот, може да биде предмет на интерес на меѓународните терористички организации и затоа безбедносните сили постојано треба да бидат ’будни‘, велат упатените.
Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека македонските безбедносни сили соработуваат и со колегите од регионот, но и пошироко.
Република Македонија активно партиципира во мировните мисии како онаа во Авганистан, што само по себе подразбира дека неможе да се исклучи некаква можност и Македонија да биде директен предмет на
заканите.


Македонија не е имуна на терористички активности - Запленетото оружје по инцидентот кај Радуша
„Република Македонија активно партиципира во мировните мисии како онаа во Авганистан, што само по себе подразбира дека неможе да се исклучи некаква можност и Македонија да биде директен предмет на заканите.“

Неделава, експерти од турскиот државен оддел против тероризмот им држат обука за борба против фундаменталистичките и криминални организации и финансирањето на тероризмот на вработените од Бирото за јавна безбедност и контраразузнавање.
Обуката е поддржана од Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје.

Шефот на Одделот за развој на полиција при Мисијата на ОБСЕ, Паоло Коста вели дека оваа обука ќе им овозможи на вработените од Министерството за внатрешни работи да ги продлабочат своите знаења за потеклото, карактеристиките и видовите тероризам, како и да пронајдат ефикасни начини за решавање на овој безбедносен предизвик.

Портпаролот на МВР Иво Котевски вели дека терористичките организации постојано ги менуваат начините на делување и затоа безбедносните служби постојано треба да се надградуваат.
Секоја обука од луѓе кои што го извршиле тоа во пракса, кои што го доживеале таквиот настан многу подобро ќе ги едуцираат нашите сили

„Секоја нова обука, секоја нова размена на искуства со соседни служби или пак со служби коишто веќе имале искуство со справувањето со вакви закани е од извонредна важноста за МВР и посебно за оперативците коишто постапуваат во вакви случаи.“
Владимир Пивоваров

Професор Владимир Пивоваров, кој е и поранешен директор на Агенцијата за контраразузнавање, вели дека Турција со децении е на првата борбена линија во војната против фундаментализмот и дека нивните искуства се драгоцени за македонските служби.

„Секоја обука од луѓе кои што го извршиле тоа во пракса, кои што го доживеале таквиот настан многу подобро ќе ги едуцираат нашите сили, отколку некој што е теоретски обучен за ваква едукација.“

Експертот од Турција кој ја спроведува обуката за македонските служби, Ахмет Саит Јајла вели дека знаењата од областа на борбата против фундаменталистичките и криминални организации и финансирањето на тероризмот се од клучно значење за успешното делување, и проактивно и реактивно, како и за безбедноста на инволвираните земји. Во македонската полиција, пак, велат дека безбедноста на една земја значи и безбедност на регионот, па и пошироко.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG