Достапни линкови

Пеле контра Марадона


Кака и Пеле
Кака и Пеле

За Пеле, Марадона е лош тренер поради неговиот бизарен живот. Бразилската легенда со пофални зборови за Германија

Бразилската фудбалска легенда Пеле изјави дека Диего Марадона е лош тренер на Аргентина поради проблематичниот приватен живот.

Според Пеле, Марадона сакал да стане и станал аргентински тренер затоа што му требале пари. Пеле вели дека претходните проблеми на Марадона како зависноста од кокаин - само би можело да имаат лошо влијание врз тимот.

Навивач со маичка со ликот на Марадона


Аргентина сепак, забележа победи во сите досегашни четири натпревари на Светскиот Куп и ќе се соочи со Германија во сабота во четврт-финалето во Кејп Таун.

„Тој (Марадона) не е добар тренер, затоа што имаше бизарен стил на живот“, изјави Пеле за германското списание 11Фреунде.

Тој, од друга страна, ја пофали Германија, која за 69-годишниот Пеле, е млада и енергична екипа која ја уништи Англија со 4-1 во минатата недела.

„Овој млад германскиот тим е задоволство да се види“, рече Пеле, додавајки дека младите Месут Озил и Томас Милер, се како нивните претходници Волфганг Оверајт и Пјер Литбарски.

Пеле, сепак, вели дека се чувствува дека тие се премногу млади за победа и шампионска титула на овој Светски куп.
XS
SM
MD
LG