Достапни линкови

Ал-каеда ќе отвора интернет весник на англиски јазик


Терористичката Ал – каеда ќе отвори интернет весник на англиски јазик, јавија новинските агенции. Контратерористичките службеници и аналитичарите велат дека медиумот, кој најверојатно ќе се вика „Инспајр“ ќе се уредува во Јемен. Станува збор за истата група која стои зад неуспешниот предбожиќен бомбашки напад на американски авион. Интернет весникот веќе се промовира со банери на кои се ветува „специјален подарок за исламската нација“.
XS
SM
MD
LG