Достапни линкови

Обама денеска треба да ги одобри новите санкции против Иран


Американскиот претседател Барак Обама денеска треба да го потпише документот со кои се одобруваат нови санкции против Иран поради нуклеарната програма на исламската република. Новите санкции следат по четвртата рунда разговори во рамките на Обединетите нации. Во документот се предвидуваат и казни за иранската Револуционерна гарда, која во земјата увезува нафта и други рафинирани енергенси.
XS
SM
MD
LG