Достапни линкови

logo-print

Премиера на претставата „Спиноза“


Книгата „Разговор со Спиноза“ на авторот Гоце Смилевски

Книгата „Разговор со Спиноза“ на авторот Гоце Смилевски

Спиноза копродукцискиот проект на Мал драмски театар – Битола, Драмски театар Скопје и МНТ, работен според наградениот роман на писателот Гоце Смилевски – Разговор со Спиноза, премиерно ќе и биде претставен на публиката на 1 јули.

Две премиери во два дена на Скопско лето. По претставувањето на современиот балет Изгубена верба како дел од трилогијата Покајување на кореографката Саша Евтимова во МОБ, на Малата сцена во Драмски театар треба да се обистини и Спиноза, проектот работен според Романот на годината на Утрински весник за 2003 – Разговор со Спиноза на современиот македонски писател Гоце Смилевски, во режија на Зоја Бузалкова. Се работи за копродукција помеѓу Мал драмски театар Битола, Драмски театар Скопје и
Ова е еден во потполност независен драмски текст, само во овој момент може да се случи ваква копродукција на три театри, само во овој момент може да ја имаме оваа извонредна актерска екипа што ја имаме сега и јас сум среќен и возбуден
Македонскиот народен театар, а во претставата учествуваат актерите Васил Зафирчев, Александар Степанулевски, Дарја Ризова, Борче Начев, Катина Иванова и Петар Стојановски. Костимите се на Лира Грабул, а музиката на Оливер Јосифовски од составот Љубојна.
Благоја Стефановски, како продуцент и еден од идејните творци за оваа поставка, откако ќе забележи дека идејата за проектот датира од пред повеќе години, за остварената соработка со државните институции вели:

„Можна е соработка, може и да се деполитизира, ние сме таму каде што сме и наше чувство е и јас секогаш така сум ја разбирал културата дека таа е натпартиска.“

Авторот Смилевски за поставката на сцена на неговото дело потенцира дека станува збор за драмски текст кој е во многу нешта различен од романот Разговор со Спиноза.

„Ова е еден во потполност независен драмски текст, само во овој момент може да се случи ваква копродукција на три театри, само во овој момент може да ја имаме оваа извонредна актерска екипа што ја имаме сега, и јас сум среќен и возбуден.“

Режисерката Бузалкова, од своја страна, истакнува дека за среќа или за судбина прво имала можност да ја прочита драмата, а дури потоа и првото издание на романот каде што стои дека станува збор за Циркуска претстава во пет акробатски точки. Од таму таа вели дека отсекогаш сакала да реализира таков проект и дополнува дека работата врз пиесата според еден од најчитаните македонски романи за неа било големо бреме и голема провокација.

„Се надевам дека тоа бреме ќе го издржиме сите и ќе направиме една убава вредност од овој квалитетен материјал.“

Актерот Васил Зафирчев кому ова не му е прва соработка со режисерката Бузалкова и со Стефановски како продуцент и кој ја толкува насловната улога во Спиноза за претставата со дополна:

„Самата драма се занимава пред се со животот, односно со вистинските моменти во животот што ние секојдневно ги забораваме.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG