Достапни линкови

Инвалид без инвалидска пензија


Инвалидизирано лице
Инвалидизирано лице

И покрај фактот што повеќе од три години е во инвалидска количка, дебарчанецот Исен Бајрами се уште нема добиено инвалидска пензија.

Бајрами ги обвинува одговорните во надлежната комисија во Скопје за некоректност и злоупотреба на нивната позиција како лекари.
54-годишниот Исен живее во ромската населба Вџен во Дебар, а за него се грижи неговото семејство.
Барам инвалидска пензија од пред три години, и се уште ја немам добиено. Имам парализа на десната нога, но исто така имам и мозочен удар. Повеќе пати сум бил на комисија во Скопје, но не сум добил уште позитивно
решение.


„Барам инвалидска пензија од пред три години, и се уште ја немам добиено. Имам парализа на десната нога, но исто така имам и мозочен удар. Повеќе пати сум бил на комисија во Скопје, но не сум добил уште позитивно решение. Тие работаат за пари, само за пари. Јас сум во количка, а немам инвалидска пензија“, вели Бајрами.

Неговата сопруга Асие истакнува дека семејството живее од социјална помош. Парите што ги добиваме не излегуваат за лекови, а камо ли за други потреби. Многу ни помагаат роднините, но и други семејства од Дебар.

„Не вратија три пати од Комисијата, ни велат дека тој нема оштетувања. Чекаме одговор, но нема. Тој е многу болен, го гледаат сите. Кога доаѓаат политичари и на нив им кажувам за проблемот. Проблемот му го истакнав и на премиерот Груевски, потоа високи функционери на Министерството за труд и социјална политика, но нема ништо до сега“, вели сопругата на Исен.

Семејството Бајрами од Дебар бара да се покрене постапка од надлежните институции во земјава за да се утврдат причините зошто на Исен, кој цели три години е во инвалидска количка, Комисијата, од која еден дел на членовите веќе се во притвор во Скопје поради новно незаконско давање на пензии, не му го одобриле барањето за инвалидска пензија.
  • 16x9 Image

    Кенан Мимидиновски

    Кенан Мимидиновски, роден 1954 во Дебар. Завршил Правен факултет во Скопје, а со новинарство професионално се занимава 30 години. Најпрвин во Радио Дебар како новинар, а подоцна 12 години и како главен и одговорен уредник . Дописник на Радио Слободна Европа од Дебар е од 2001 година.

XS
SM
MD
LG