Достапни линкови

Хрватска ги отвори последните поглавја


Хрватска ги отвори последните три поглавја за приклучување кон Европската Унија, со што го направи последниот чекор во процесот на интеграција кон европскиот блок, пренесува Франс Прес. Хрватските власти очекуваат земјата да го потпише договорот за приклучување кон Европската Унија во првите три месеци од 2011-та година. Во наредниот период, Европската Комисија ќе ги разгледува поглавјето осум, политика на конкуренција, 23, судство и фундаментални права и поглавјето 31, безбедносна и одбранбена политика.
XS
SM
MD
LG