Достапни линкови

Втор круг гласање за претседател на Германија


Германското Сојузно Собрание при првото гласање не успеа да избере претседател на Германија, бидејќи кандидатот предложен од канцеларката Ангела Меркел не го доби потребното мнозинство .За кандидатот предложен од Меркел, Кристијан Вулф гласале 600 од вкупно 1.244 пратеници и делегати од 16 сојузни држави. Кандидатот на опозициската Социјал- демократска партија Јокаим Гауч освои 499 гласови. Вториот круг на гласање ќе се одржи подоцна денеска. Изборот на нов претседател уследи по оставката на досегашниот претседател Хорст Келер пред речиси еден месец.
XS
SM
MD
LG