Достапни линкови

ЕУ воведува буџетска дисциплина


Европската комисија соопшти денска дека 16-те земји членки на еврозоната може да го загубат пристапот до европските фондови, ако го прекршат правилото и имаат поголем дефицит и јавен долг отколку што треба. Новиот предлог е дел од плановите на Европската Унија да воведе буџетска дисциплина за да се заштити од евентуални нови кризи како онаа што ја предизвика Грција. Предлогот треба сега да биде разгледан од министрите за финансии на ЕУ. Денеска Европската централна банка соопшти дека ќе им позајми на централните банки на земјите членки на еврозоната речиси 132 милијарди евра, многу помалку од очекуваното.
XS
SM
MD
LG