Достапни линкови

logo-print

Меркел ќе го гледа четвртфиналето против Аргентина


Ангела Меркел на Самитот на Г8 во Канада

Ангела Меркел на Самитот на Г8 во Канада

Германската канцеларка ќе го следи мечот што репрезентацијата на нејзината земја го игра против Аргентина во рамките на четвртфиналето на Светското првенство

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе отпатува за Јужна Африка за да го следи мечот од четвртфиналето на Светското првенство, што Германија в сабота го игра со Аргентина. Портпаролот на Меркел потврди дека таа ќе присуствува на натпреварот во Кејптаун, но не изнесе детали за посетата, додавајќи оти се уште не е изработен детален распоред.

Канцеларката Меркел, заедно со британскиот премиер Дејвид Камерон, го гледаше осминафиналето меѓу Германија и Англија, на маргините на Самитот на Г-20 во Канада. Германците тој натпревар го добија со 4:1.

Меркел ги следеше и сите мечеви на својата репрезентација на претходното Светско првенство, кога Германија беше домаќин и го освои третото место.
  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG