Достапни линкови

Македонија дел од Светско фудбалско првенство?


Момент од натпреварот Македонија - Шпанија

Момент од натпреварот Македонија - Шпанија

На ова прашање многумина од фудбалската фела само се насмевнуваат, но додаваат дека се е можно доколку се примени подобра организација и финансии, бидејќи талентот на македонските фудбалери е неспорен.

Македонија не остана имуна на фудбалската треска, предизвикана од Светското првенство во Јужна Африка. Иако не учествуваме на Мундијалот, тој го окупира вниманието на јавноста, но и го наметна прашањето дали во блиска иднина можеме да бидеме дел од него. Имајќи ја предвид ни малку пријатната реалност на мак-фудбалот, многумина само се насмевнуваат на тоа прашање. Сепак, не е мал бројот на оние кои веруваат дека имаме сили за таков подвиг. Еден од нив е стрелецот на првиот гол на нашата репрезентација, Зоран Бошковски.
Ова поднебје од секогаш создавало и ќе создава играчи. Имаме навистина многу талентирани добри, квалитетни
фудбалери.


„Ова поднебје отсекогаш создавало и ќе создава играчи. Имаме навистина многу талентирани, добри, квалитетни фудбалери и мислам дека оваа група што сега ја имаме за квалификациите на Европското првенство или за понатаму за Светско првенство, мислам дека имаме добри шанси да евентуално се избориме за пласман на Европско или Светско првенство“, вели популарниот Чоко.

Во моментов, тој е тренер во селекцијата до 21 година. Неговото мислење го дели и вториот голгетер во националниот тим, Ѓорѓи Христов, кој има постигнато 18 голови во националниот дрес. За него, талентот и квалитетот на македонските фудбалери никогаш не бил спорен. Но, за тоа да резултира со влез во високото друштво, пред се, неопходно ни е регуларно првенство.

„Нам ни недостасува една национална државна стратегија која што ние за жал ја немаме. Некако тие најважните, младите категории ги ставаме во втор план, тука ја гледам таа основна причина каде што ние немаме производ кој што утре ќе може да не презентира во
Нас ни недостасува една национална државна стратегија која што ние за жал ја немаме. Некако тие најважните, младите категории ги ставаме во втор план, тука ја гледам таа основна причина каде што ние немаме
производ.
европскиот и светскиот фудбал. Така што, под итно мора да се обрне внимание на развојот на младинскиот фудбал, бидејќи во моментов го имаме Пандев, но нас ни треба во една генерација да има како Пандев најмалку пет-шест, ако не и повеќе играчи.“

Сличен стави има и Бошковски.

„Многу работи треба да се променат и во организацијата и во менталитетот, а пред се во финансирањето. Мислам дека прво и основно е инвестирањето, доколку сите инвестираат, односно има поголеми инвестиции во клубовите и во работата на младинските школи за догледен период, со подобра организација ќе може да се надеваме на учество на некое големо натпреварување.“

Поранешните репрезентативци се свесни дека сето ова не може да се случи преку ноќ. Но, сметаат дека е крајно време работите да тргнат во потребниот правец, а дополнителен мотив за такво нешто треба да биде поволната квалификациска група за пласман на наредното ЕП во Полска и Украина.
XS
SM
MD
LG