Достапни линкови

Во градежниот сектор изразуваат сомневања за однапред договорени тендери во кои учествуваат само големи фирми. Државата плаќа многу повисоки цени за градежни работи од реалната цена, предупредуваат упатените.

Тендерската математика ретко се согласува со онаа логичната, па така 2+2 никогаш не излегува 4, резултатот за јавноста е секогаш поголем, а парите се делат на чуден начин. Луѓето од градежниот сектор се жалат дека голема главоболка во нивната работа им причинува токму тендерската постапка и на крај нередовната исплата за завршената работа. Архитектот Мирослав Грчев вели дека државата јавно покажува дека плаќа многу повеќе пари за градежни работи одошто е нивната реална градежна вредност. Тој тврди дека
Суштината е во повратот на пари, затоа што намерно се фалсификува градежната вредност на објектите. Можете да видите по тие тендери, некогаш ќе се ,,збунат" некои фирми од внатрешноста, ќе помислат дека живеат во нормална земја па ќе конкурираат.
за поголемите тендери за градежните објекти, победникот на тендерот е однапред познат и сумата што треба да ја понуди е неколку пати повисока од реалната.

„Суштината е во повратот на пари, затоа што намерно се фалсификува градежната вредност на објектите. Можете да видите по тие тендери, некогаш ќе се ’збунат‘ некои фирми од внатрешноста, ќе помислат дека живеат во нормална земја па ќе конкурираат. Тогаш се појавуваат смешни околности, да на тендерот добива фирма којашто понудила пет пати поголема цена од некои наивци кои што не знаеле дека тендерот е наместен.“

Помалите и средни градежни фирми велат дека не можат да учествуваат на тендери за поголеми проекти затоа што се дисквалификувани уште во самиот почеток со високите критериуми. Тие се жалат дека постојат сомневања за однапред договорени тендери или за услови договорени според капацитетите на фаворизираната фирма. Сопственикот на градежна фирма Јован Илиевски вели дека од 4 илјади градежни фирми само 7 фирми реално учествуваат и ги исполнуваат условите за државните тендери:
Меѓу Камениот мост и Скопското кале веќе никнаа карабините на Музејот на македонската борба и „Стариот“ театар

„Со самото распишување на огласот ние сме дисквалификувани. Значи дисквалификувани се 99,8 отсто од фирмите со самото распишување на тендерот. Јас не можам да се јавам на тендер, остануваат само тие седум фирми што не е исклучено и да се договорат.“
Значи дисквалификувани се 99,8% од фирмите со самото распишување на тендерот. Јас неможам да се јавам на тендер, остануваат само тие седум фирми што не е исклучено и да се договорат.


Од Министерството за транспорт и врски писмено ни одговорија дека сите постапки за јавни набавки кои ги реализира министертвото се во согласност со законот.
Претстедателот на Антикорупциската комисија Илми Селами вели дека во комисијата не пристигнале информации дека на тендерите се фаворизираат некои фирми.

„Овие кажувања, наводи, јавно изнесени дека државата односно власта фаворизира одредени фирми, јас не велам дека не е така, можеби е така, можеби не е, но сето тоа треба да се докаже во соодветна законска постапка.“

Селами вели дека е многу важно реакцијата на оштетените фирми да биде навремена и да се реагира со законските алатки.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG