Достапни линкови

Парламентарна расправа за францускиот фудбалски дебакл


Тренерот на Француската фудбалска репрезентација во оставка Рајмод Доминик и Претседателот на Француската Фудбалска Федерација Жан Пјер Ескалатес денеска ќе сведочат пред парламентарна комисија во Париз за да го објаснат дебаклот на Светското Првенство во Јужна Африка.
Сведочењето, кое требаше да биде јавно, се одвива зад затворени врати на барање на Француската Фудбалска Федерација. Претседателот на ФИФА Сеп Блатер вчера предупреди дека Светската Фудбалска Федерација ќе ја суспендира Француската Федерација доколку политичарите се мешаат во нејзината работа. Ако тоа се случи, француските клубови ке останат надвор од меѓународните лиги и натпревари.
XS
SM
MD
LG