Достапни линкови

Неколку талибанци убиени во Авганистан


Неколку талибанските милитанти кои нападнаа база на НАТО во источен Авганистан во близина на границата со Пакистан се убиени, соопшти авганистанската армија. Портпаролот на НАТО Иан Бакстер потврди дека била нападната база во близина на аеродромот кај Џалалабад. Според локалните власти, најмалку еден бомбаш-самоубиец детонирал автомобил-бомба пред влезот на аеродромот.
Портпарол на талибанците Забиулах Муџахид, изјави дека шест Талибанците бомбаши-самоубијци го нападнале аеродромот. Според него, биле убиени десетици авганистански и странски војници, но тоа не е потврдено.
XS
SM
MD
LG