Достапни линкови

Шпионска афера САД - Русија


Њујорк - една од куќите каде беше извршено апсењето
Њујорк - една од куќите каде беше извршено апсењето

Дали случајот со апсење на 11 руски „шпиони“ е намерно темпиран со цел да им наштети на односите САД - Русија. Експертите со поделени мислења

Портпаролот Роберт Гибс потврди дека претседателот Барак Обама бил запознат со истрагата за наводните руски шпиони кога минатата недела во Вашингтон го прими рускиот колега Дмитри Медведев. Рускиот премиер Владимир Путин, претходно исто така изрази надеж дека апсењето на групата осомничени за шпионажа нема да им наштети на билатералните односи. Москва, сепак, побара објаснување од Вашингтон за апсењето и разјаснување на обвинувањата

Апсењата се случија во неколку градови во североисточниот дел на САД - Јонкерс, Њујорк, Монтклаир, Њу Џерси, и Арлингтон, Вирџинија.

Куќата на Ричард и Синтија Марфи во Монтклаир


Инспекторите од американското Федерално биро за истрага(ФБИ) во понеделникот објавија постоење на високо софистициран шпионски прстен со длабоко покриени задачи во САД и за собирање информации за руската влада. Акцијата дојде само неколку дена по оптимистичката посета на рускиот претседател Дмитриј Медведев на Вашингтон.

Некои руски аналитичари на тоа гледаат како на намера за влошување на затоплените билатералните односи. Александар Голс од Москва е експерт за одбрана

„Очигледно е дека ФБИ ја следела оваа група и чекала добра прилика. Тие ги имале под надзор најмалку од 2003 година. Има кругови во САД, кои сакаат да го потсетат претседателот Обама дека треба да се биде внимателен со Русите. Тоа е значењето на целата оваа приказна.“

Дин Бојд од оделот за правда на САД за новинарите изјави дека апсењата мораше да се извршат на 27 јуни делумно поради тоа што еден од осомничените шпиони требаше да ја напушти земјата. Некои инсајдерите велат дека одлуката на ФБИ да спроведе апсење по посетата на Медведев нема никаква врска со политика. Олег Гордизевски од Британија е поранешен висок претставник на Федералната служба за безбедност (ФСБ) која е претходник на КГБ



„Тие ФБИ сакале да ја објават оваа информација веќе подолго време. Нивната работа би можела да биде уништена, ако некои од сега уапсените ја напуштеа земјата, па и тие го убедиле Обама да овозможи објавување на оваа информација. Тоа нема никаква врска со подобрување на односите со Русија, бидејќи односите со Русија остануваат студени.“

Според Гордиевски, Русија има околу 460 активни шпиони во САД во моментов. Околу 60 од нив се длабоко покриени агенти, а 400 работат во амбасадите и други руски владини институции.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG