Достапни линкови

Талибанци нападнале база на НАТО во Авганистан


Талибанските милитанти нападнаа база на НАТО во источен Авганистан во близина на границата со Пакистан. Портпаролот на НАТО Иан Бакстер потврди дека била нападната база во близина на аеродромот кај Џалалабад. Според локалните власти, најмалку еден бомбаш-самоубиец детонирал автомобил-бомба пред влезот на аеродромот.
Авганистанските и НАТО војници, главно американци, стационирани во базата, се бореле против напаѓачите., Портпарол на талибанците Забиулах Муџахид, изјави дека шест Талибанците бомбаши-самоубијци го нападнале аеродромот. Според него, биле убиени десетици авганистански и странски војници, но тоа не е потврдено.
XS
SM
MD
LG