Достапни линкови

Уште еден Акино стана Претседател на Филипините


Бенињо Акино денеска положи заклетва како нов претседател на Филипините на церемонија која ја следеа над половина милион луѓе во Манила. Акино победи на претседателските избори во мај со ветување дека ќе ја искорени сиромаштијата и корупцијата. Тој е син на легендарните борци против диктаторот Фердинанд Маркос. Неговиот татко беше убиен во ерата Маркос, а неговата мајка, Корасон Акино, стана претседател по народниот бунт против диктатурата на Маркос во 1986 година.
XS
SM
MD
LG