Достапни линкови

Шпионската афера нема да им наштети на односите САД- Русија


Белата куќа синоќа оцени дека аферата со апсењето на десетина лица под сомнение дека се руски агенти нема да им наштети на руско- американските односи. Портпаролот Роберт Гибс потврди дека претседателот Барак Обама бил запознат со истрагата за наводните руски шпиони кога минатата недела во Вашингтон го прими рускиот колега Дмитри Медведев. Рускиот премиер Владимир Путин претходно исто така изрази надеж дека апсењето на групата осомничени за шпионажа нема да им наштети на билатералните односи.
XS
SM
MD
LG