Достапни линкови

Генерал Петреус „помина“ во комитет на Сенатот


Комитетот за оружени сили на американскиот Сенат синоќа го поддржа наименувањето на генерал Дејвид Петреус за командант на американските и меѓународните сили во Авганистан, со што е отворен патот за гласање во Сенатот, што се очекува во текот на оваа недела. На сослушувањето Петреус рекол дека непоколебливо ќе инсистира на тимска работа меѓу сите субјекти на американската влада. Тој го пофалил својот претходник на оваа функција Стенли МекКристал за стратегиските постигнувања во Авганистан во изминатата година. МекКристал поднесе оставка откако критикуваше високи претставници на администрацијата, меѓу кои и потпретседателот Џо Бајден.
XS
SM
MD
LG