Достапни линкови

Убиени 26 индиски полицајци во судир со маоисти


Најмалку 26 полицајци загинале во нападот на бунтовниците маоисти во централна Индија. Министерството за внатрешни работи соопшти дека безбедносните сили во градот Нарајанпур одговориле на нападот и оти оружениот судир со бунтовниците траел три часа. Нападите на маоистите се засилени оваа година, особено откако владата почна офанзива за уништување на бунтовниците во централните и источните делови на Индија. Минатата година во таквите напади се убиени повеќе од 1000 луѓе, што е најголем број жртви во една година.
XS
SM
MD
LG