Достапни линкови

Шпанија последен четвртфиналист


Фудбалската репрезентација на Шпанија е последниот четвртфиналист на Светското првенство во Јужна Африка, откако синоќа во осминафиналето ја совлада Португалија со 1:0, со голот на Давид Виља. Во четвртфиналето Шпанците ќе играат против Парагвај. Денеска и утре се слободни денови на Мундијалот, а в петок и сабота се играат четвртфиналните мечеви: Бразил- Холандија, Уругвај- Гана, Германија- Аргентина и Шпанија- Парагвај.
XS
SM
MD
LG