Достапни линкови

Кичево без вода


Кичево
Кичево

Старата водоводна мрежа предизвикува дефекти, па кичевчани често остануваат без вода и покрај тоа што вода во изворот ’Студенчица‘ има доволно.

Состојбата со водоснабдувањето во Кичево е алармантна во последниве 10 дена. Вода од изворот ’Студенчица‘ има доволно, но речиси секојдневно се појавуваат дефекти на вододната мрежа, која е стара повеќе од пет децении. Најкритично е во централното градско подрачје, каде постојано пукаат старите азбестни цевки, кои во голема мера се кородирани, па граѓаните остануваат со часови без вода. Кога овој дефект ќе се отстрани, никој не може да гарантира дека за кусо време нема да се појави нов. Дел граѓани реагираат зашто
Треба реновирање било какво, вистина стара мрежа. Два-три саати немаше вода.
немаат вода, дел се помириле со ситуацијата, но други бараат да се преземат мерки за целосна санација на градската мрежа.

Поради честите дефекти на водоводните цевки кичевчани со саати без вода
„Треба реновирање било какво, вистина стара мрежа. Два-три саати немаше вода.“

„Имаме водовод, ама немаме вода.“

„Ќе прсне цевка и ќе се поправи, ама онака глобално се нема поправано досега.“

„Треба да се вложи, да се изгради нов водовод. Не е страшно водоводот, страшно е што се трошат огромни количества вода за РЕК
Во моментот немаме средства за таа работа, но заради алармантната состојба, почнавме една линија да градиме, со која малку ќе ја подобриме
ситуацијата.
Осломеј,160 литри вода во секунда, тоа е еден град голем.“

И градоначалникот Благоја Деспотовски потврдува дека мометалната состојба во Кичево е критична. Општината нема пари за решавање на овој проблем, но се преземаат мерки, парцијално се интервенира, за да се отстранат дефектите барем за кусо време.

„Во моментот немаме средства за таа работа, но заради алармантната состојба, почнавме една линија да градиме, со која малку ќе ја подобриме ситуацијата. Изработивме идеен проект за целосно водоснабдување на Кичево, со високите зони, со реконструкција и проширување на старата водоводна мрежа. Ќе аплицираме за средствата кои Владата ќе ги одобри за водоснабдување и реконсгрукција“, вели Деспотовски.

За целосна реконструкција на мрежата во должина од 50-ина километри се неопходни околу 7 милиони, а за итна санација на централното подрачје приближно 350.000 евра. Но, според Деспотовски, за целосно решавање на проблемот со водоснабдувањето на Кичево, нужни се повеќе инвестиции.

„Во Кичево и кичевско има вода, но нас не ни чини водоснабдителниот систем, немаме доволно резервоарски простор, немаме резерворар за високата зона, значи проблем е доизградба на водоснабдителниот систем и негово проширување. Затоа е добро и за Владата и за сите да се вложи во водоснабдителниот систем во Кичево, затоа што загубите се над 60 отсто.“

Со оглед на фактот што дарежливоста на изворот ’Студенчица‘ варира, а драстично опаѓа во лето, кога високите зони на Кичево остануваат со денови без вода, тој сугерира и изградба на акумулација која ќе ја снабдува со вода термоелектраната Осломеј, така што160-те литри вода во секунда секој момент ќе им бидат на располагање на кичевчани.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG