Достапни линкови

Европски социјален форум


Борци за човекови права на собир во Истанбул

Борци за човекови права на собир во Истанбул

Антиглобалисти, антикапиталисти, екологисти и други групи ќе бидат дел од Европскиот социјален форум кој годинава ќе се одржи во Турција. Учесниците, преку масовните собири, ќе ја покажат својата желба и потреба да се живее во еден поубав, побогат и помирен свет.

Седуммина велешани, екологисти од Еколошката организација ’Грин Пауер‘ ќе учествуваат на Европскиот социјален форум што ќе се одржи во Истанбул, Турција, од први до четврти јули годинава. Тие ќе бидат дел од најголемиот политичко-културен собир, на кој учествуваат помеѓу 50 до 100 илјади луѓе од цела Европа.

„Луѓето кои одат одат со една цел, да се испромовираат вредностите, да се испромовира Велес, да се раскаже приказната за Велес, да се стекнат искуства како во другите европски градови се вложува во екологијата и како другите го имаат искуството во однос на еколошките проблеми“, вели Игор Смилев, претседател на ’Грин Пауер‘.

Работилници, дебати и улични протести - тоа ќе бидат главните активности на учесниците и годинава . Велешките екологисти се подготвени, покрај со традиционалните пишани и видео материјали, презентацијата и промоцијата овојпат да ја направат со лични контакти и активно учество на дебатите и работилниците.

„Промоцијата, ’Грин Пауер‘ планира да ја направи преку работилниците кои од 1 до 4 јули ќе се одржуваат на разни локации низ Истанбул“, вели Смилев.

Протести против Г 20 во Торонто - Канада

Учеството на Европскиот социјален форум, активистите на Грин Пауер ќе го искористат и за воспоставување на контакти со разни еколошки фондации од каде можеби во иднина да побараат финансиска подршка, ако е неопходно да се плаќаат нови судски вештачења за судскиот спор Велес против Државата.

„Ќе ги размениме можностите за едне таков вид на потенцијална донација во случај да биде потребна за некоја од наредните судски вештачења.Тука ќе има еминентни професори на факултети со лева провиненција, значи фондации од најразлични типови така што во зависност од тоа кој делови од нив вложуваат во екологија ќе го базираме нашиот контакт со нив“, вели претседателот на ’Грин Пауер‘, Игор Смилев.

Покрај екологистите од Велес, на Форумот во Истанбул и десетина активисти од Скопје кои ќе ги бранат и развиваат женските права.
XS
SM
MD
LG