Достапни линкови

Предлог за отказ за полицаецот вмешан во инцидентот со снимателот на ЕРА


Внатрешната контрола на МВР ќе поднесе предлог за отказ на полицискиот службеник вмешан во инцидентот со снимателот на ТВ Ера. Комисијата оценила дека службеникот непотрено се впуштил во вербална расправија со снимателот, а тоа е спротивно на неговата должност. Инцидентот се случи вчера меѓу лице од обезбедувањето на премиерот Никола Груевски и снимателот од телевизијата ЕРА пред почетокот на средбата на лидерите на партиите од коалицијата „За подобра Македонија“.

XS
SM
MD
LG