Достапни линкови

Немири за време на штрајкот во Грција


Неколку десетици млади маскирани луѓе денеска се судриле со полицијата во Атина за време на генералниот штрајк против владините реформи на пензискиот систем. Полицијата со солзавец и со шок бомби се справувала со проблематичните демонстранти . Демонстрантите мавале со делови од мермер кој го откорнале од околните згради , палеле канти со ѓубре, кршеле телефонски говорници и автобуски постројки. Немири имало долж целата главна авенија во Атина . На демонстрациите учествувале околу 10 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG