Достапни линкови

Средба Милошоски -Филе во Брисел


Спроведувањето на реформите за исполнување на копенхашките критериуми, било тема на разговор меѓу министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и еврокомесарот за проширување Штефан Филе, денеска во Брисел. Состанокот на Филе и на Милошоски е во пресрет на седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, кој треба да се одржи на 20 јули. Милошоски изјавил дека се надева дека Советот ќе помине во позитивна атмосфера, и дeка ке има продуктивна дискусија за реформските пакети што Македонија вложува да ги оствари во администрацијата, судството, во политичкиот дијалог, како и во однос на законите поврзани со енергетскиот пазар во Македонија
XS
SM
MD
LG