Достапни линкови

logo-print

Кина и Тајван потпишаа трговски договор


Кина и Тајван потпишале трговски договор, кој се оценува како историски бидејќи двете страни се поделени по граѓанската војна од пред 60 години. Потпишувањето на договорот бил прикажуван и на државната телевизија. Договорот е особено поволен за Тајван , затоа што на тамошните компании им се овозможува пристап до огромниот кинески пазар. Критичарите на договорот велат дека ова Кина ќе го искористи за да добие политички поени во својата кампања за обединување со Тајван. Кина и Тајван се поделени од 1949 година, но Кина го смета Тајван за одметната покраината и предупредва дека ќе употреби сила доколку островот прогласи независност.
XS
SM
MD
LG