Достапни линкови

logo-print

Зошто се самоубиваат деца во Русија


Воено училиште во Москва

Воено училиште во Москва



Пред неколку месеци, 10-годишниот Саид Фекретдинов се самоуби, фрлајки се од станот во Москва. Неговите родители тврдеа дека причина за неговото самоубиство било матлтретирањето на училиште, но психолозите сметаат дека лошиот систем за заштита во Русија е главната причина за се поголемиот број самоубства на деца и тинејџери.

Се верува дека околу 2.500 деца и тинејџери се самоубиваат секоја година во Русија, што е двојно повеќе во однос на западните земји, според бројот на жители. Ваквите алармантни бројки, како и случајот со 10-годишниот Саид Фекретидинов, го свртеа јавното мислење кон овој проблем. Во случајот на Саид, неговите родители сметаат дека виновно е училиштето, односно, военото училиште каде што тој имал одлични оценки. Но, бил многу несреќен, бидејки бил често тепан од други ученици поради неговото муслиманско име и етничко потекло, а наставниците затворале очи. Неговиот татко Рамил изјави:

„Имаше модринки на главата, одвај можеше да оди, дојде потпирајки се на ѕидот. Плачеше и велеше дека ќе го убијат.”

И неговата мајка Марина изјави дека Саид бил многу потресен, имал здравствени и психички проблеми. Директорот на училиштето Евгениј Веденски, поранешен морнарички капетан, изјави дека Саид, и покрај неговите боксерски таленти, не бил заобиколен од ригорозните правила на кадетското училиште. Тој додава дека наставниците во училиштето се поранешни воени офицери и кои спроведуваат строга дисциплина на часовите. Но, Веденски признава дека во кадетските училишта има и интернат и деца без родители, како и деца од дисфункционални семејства.

„За жал, има многу такви деца во кадетските училишта. Во нашето се 70 до 80 насто кои немаат мајка или татко или се од проблематични семејства.”

Евгениј Веденски, Директорот на военото училиште

Но, училиштето ги отфрла обвинувањата за торура или насилтво врз учениците. Напротив, ги обвинува родителите на Саид дека ги игнорирале неговите барања да биде префрлен во друго училиште. Според психолозите, децата во транзициони општества, како во Русија, се изложени на ризици поради политичката и социјалната нестабилност кои ги разоруваат семејствата. Детскиот психолог Александар Шадура додава дека нема ни механизам за заштита на децата кои се изложени на физичка или психичка торура.

„За жал, нема систем во нашата земја за превенција на насилтвото врз децата. Има некакви активности од невладини организации, но засега ништо конкретно.”

Нема практика ниту на психолозите да пријавуваат до социјалните служби или до други органи за евентуални малтретирања на деца. Во Русија нема ни социјални работници кои би им помагале на проблематични семејства и кои би работеле за заштита на децата. Честите самоубиства во Русија се случуваат и од разни други причини, слаби оценки на училиште, љубовни проблеми, недоразбирања со родителите и слично. Но, проблемот е што децата нема кому да му се обратат, вели Шадура, додавајки дека самоубиството е акт на разочараност, безнадежност и осаменост. Конечно, во Русија се заинтересираа и политичарите, па се појавија предлози за повеќе психолози во училиштата, психолошки тестови за учениците и слични мерки.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG