Достапни линкови

logo-print

Во Грција почна генералниот штрајк


Во Грција денеска почна генералниот штрајк против предложените реформи на пензискиот систем. Не работат јавните служби, сообраќајот е отежнат, а болниците примаат само итни случаи. Речиси 100 домашни летови се откажани, додека меѓународниот сообраќај се одвива нормално. Штрајкуваат и медиумите, дневниот печат не излезе, а електронските медиуми не емитуваат вести. Двата најголеми грчки синдикати остро се противат на предлогот со кој се зголемува старосната граница за заминување во пензија, како и мерките кои им овозможуваат на работодавачите полесно отпуштње од работа.


XS
SM
MD
LG