Достапни линкови

Апсењата на руски шпиони во САД се контрадикторни, оцени Москва


Руското министерство за надворешни работи оцени дека информациите за апсењето 10-мина осомничени руски шпиони во Соединетите Држави се контрадикторни. Портпарол на министерството изјави дека Москва ги испитува овие информации, а разузнавачката служба не ги коментира. Според Еф Би Ај, уапсените шпионирале за Русија долги години и се обидувале да се инфилтрираат во политичките кругови.
XS
SM
MD
LG