Достапни линкови

logo-print

Воена интервенција врз Иран би значела дестабилизација, изјави Мулен


Началникот на генералштабот на американската армија Мајк Мулен изјави дека Иран ќе продолжи со настојувањата да произведе нукеарно оружје и покрај зголемувањето на санкциите против таа земја. Зборувајки на безбедносниот форум во Аспен, оцени дека ќе биде многу опасно доколку Иран дојде до нуклеарно оружје, бидејки не може да му се верува оти нуклеарната програма му е за мирољубиви цели. Но, Мулен истакна дека воена интервенција против Техеран би била дестабилизирачка за регионот.
XS
SM
MD
LG