Достапни линкови

Министерот Милошоски на средба со еврокомесарот Филе


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска ќе престојува во работна посета на Европската Комисија во Брисел, при што ќе се сретне со комесарот за проширување Штефан Филе. Од МНР соопштија дека ќе се разговара за исполнување на копенхашките критериуми во пресрет на седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, што ќе се одржи на 20 јули во Брисел. Во соопштението уште се вели и дека средбата се реализира во рамките на интензивираниот дијалог меѓу Република Македонија и ЕУ, во насока на што поскоро усвојување одлука за почеток на преговорите за членство.
XS
SM
MD
LG