Достапни линкови

Нови убиства во Мексико


Кандидатот за гувернер на мексиканската држава Тамаулипас, Родолфо Торе и уште најмалку четири лица се убиени во близината на главниот град на оваа држава. Се претпоставува дека убиството на Торе, кој е кандидат на Институционалната револуционерна партија, е дело на завојуваните нарко картели во чии пресметки во последниве месеци се убиени стотици лица.
XS
SM
MD
LG