Достапни линкови

Зголемен број на разводите


Зголемен е бројот на поднесените тужби за разводи во Куманово.

Зголемената материјална моќ, оддалеченоста на брачните другари, промената на навиките, одговорноста и обврските, намалување на прагот на толеранцијата, како и прељубата, се главно причините за стотина бракоразводи во изминатите пет месеци. Зголемен е бројот на поднесени тужби за разводи и за остварувања лични контакти родител-дете, вели психологот Сузана Митровска во Центарот за социјални работи во Куманово.
Акцент се става на лицата кои се на работа во странство. Ако до вчера биле толерантни, таа толеранција сега не постои. Бракот го гледаат низ призма на парите.


„Акцент се става на лицата кои се на работа во странство. Ако до вчера биле толерантни, таа толеранција сега не постои. Бракот го гледаат низ призма на парите. Најповеќе, пак, страдаат децата од 3 години до пубертет, од една пријатна атмосфера сега се нарушува целото семејство. Поголемите деца тоа полесно го сфаќаат. Кај малите деца бракоразводите оставаат трауми и негативно влијаат врз нивниот психофизички развој.“

Брачните партнери, како причина најчесто ја наведуваат прељубата на едниот или другиот. Митровска меѓутоа вели дека прељубата подеднакво е застапена и кај мажите и кај жените. Таа додава дека освен моќта на парите на разводите влијаат и други фактори.

„Оддалеченоста од семејството ги менува навиките, однесувањето, одговорноста кон семејството и кога по подолг период, еден од брачните другари ќе се врати, се појавува нетолеранција, променети навики, однесување кон обврските во брачната заедница.“
Оддалеченоста од семејството ги менува навиките, однесувањето, одговорноста кон семејството и кога по подолг период еден од брачните другари ќе се врати се појавува нетолеранција


Според Митровска, моќта на парите негативно влијае и врз децата. Не е правило да се разведуваат само оние кои имаат пари, но во печалбарските семејства главно се губи границата во однесувањето родител-дете, преголема толеранција и слобода во однесувањето. Од таму и асоцијални, девијантни појави кај децата, кои се најчувствителни во периодот на пубертетот. Но, ова не е правило, вели таа.

„Има многу сиромашни семејства кои живеат среќно. Некои од нив се разведуваат подоцна, по 10,15 години брак, но причините главно се болест, коцка, алкохол и едниот брачен другар сака да се раздели за да ги спаси децата.“

Иако изминатите години Куманово стана печалбарски град, за последиците од печалбарскиот живот на семејствата никој не води сметка. Многумина заминуваат за подобра егзистенција и подобар живот на семејствата, по две-три години тие се соочуваат со нови проблеми, со растурање на семејството или со проблеми со децата, велат стручњаците.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG