Достапни линкови

Русија го поздрави рефендумот во Киргистан


Руското министерство за надворешни работи упатило пофалби за добро спроведениот референдум во Киргистан и изјавиле дека очекуваат дека со референдумот ќе се придонесе за политичка стабилност во земјата. Киргистанските власти соопштуваат дека од преброените ливчиња, 90 проценти од гласачите ги подржале промените на уставот, со кој се намалуваат овластувањата на претседателот и со кои земјата ќе биде парламентарна демократија. Претходно и ОБСЕ го поздравија спроведувањето на референдум, за кој оценија дека бил транспарентен.
XS
SM
MD
LG