Достапни линкови

Груевски не планира предвремени избори


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

По вчерашната најава на опозицијата дека почнува битка за распуштање на Парламентот, денеска премиерот Груевски со одговор: предвремени избори нема да има.

Има засилени контакти на посредникот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц со двете страни, но нема јасни сигнали дека набрзо ќе има нов предлог за името, изјави премиерот Никола Груевски по средбата со лидерите на партиите од владејачката коалиција „За подобра Македонија“. Груевски смета дека белгискиот министер за надворешни работи Стевен Ванакере, кој рече дека спорот би можел да се реши за неколку недели, ги темели ваквите тврдења токму на засилената активност на Нимиц. Груевски вели дека за брзо решение на спорот е потребна и волја од Грција.
,Веројатно е возможно доколку и од другата страна има воља тоа да се случи и доколку има разбирање и почит кон она што е наш државен и национален
интерес.


„Веројатно е возможно доколку и од другата страна има воља тоа да се случи и доколку има разбирање и почит кон она што е наш државен и национален интерес.“

Премиерот Никола Груевски рече дека не планира предвремени избори. Тој оцени дека митингот на СДСМ бил скромен по бројност со околу 8 илјади луѓе и оти освен напади и лични дисквалификации Црвенковски не понудил решенија на проблемите.

„Го слушнав и неговата реченица дека тој го започнува броењето на времето за предвремени избори, јас мислам дека почнува времето во кое можеме да го одбројуваме времето за заминување на Бранко
Го слушнав и неговата реченица дека тој го започнува броењето на времето за предвремени избори, јас мислам дека почнува времето во кое можеме да го одбројуваме времето за заминување на Бранко
Црвенковски.
Црвенковски од политичката сцена. Ништо ново вчера неможеше да се види освен што тој се обидуваше да ги охрабри неговите членови меѓутоа се гледаше за разлика од порано страв во неговите очи, што мислам дека и неговите привразаници го препознаваат тоа.“

Сенка на средбата фрли владиното обезбедување кое предизвика инцидент со снимателот на ТВ „Ера“ кој беше дојден да го проследи настанот. Откако снимателот Горан Најдов изреагира поради тоа што не му дале да сними инсерти од средбата, еден од обезбедувачите почна да го кошка и да му се заканува. Снимателот Најдов, очигледно уплашен од заканите не сакаше многу да зборува за тоа што се случило, со надеж дека случајот ќе помине без посериозни последици за него.

„Имав мали закани, но мислам дека не нешто страшно и дека нема да се оствари ништо од тоа.“

Премиерот Никола Груевски рече дека ќе го испитаат случајот и доколку се утврди дека е постапено надвор од правилата ќе бидат преземени мерки.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG