Достапни линкови

logo-print

Италија во акција против перење на пари


Италијанската полиција уапсила 24 луѓе во акција за откривање на случај за перење пари. Се претпоставува дека се „испрани“ околу 2, 7 милијарди евра пари добиени преку затајување на данок, фалсификат, проституција и кражба. Во акцијата учествувале околу илјада агенти. Во мрежата бил вклучен и финансискиот оддел со седиште во Сан Марино. Односите меѓу Италија и Сан Марино се заострени бидејќи Италија нуди амнестија за враќање на непријавените пари депонирани во даночните фондови.
XS
SM
MD
LG