Достапни линкови

Претседателот на Францускиот фудбалски сојуз ќе си поднесе оставка


Претседателот на францускиот фудбалски сојуз Жан Пјер Ескале најавил дека на состанокот во петок ќе си поднесе оставка поради лошите резултати на репрезентацијата на Светското првенство во Јужна Африка. Тој изјавил дека му е должност да си поднесе оставка. Франција испадна од првенството во првата фаза. Во три натпревари, тие беа двапати поразени, а еднаш одигра нерешено и освоија само еден поен. Освен лошата игра, репрезентацијата ја потресоа и скандалите со несогласувањето на селекторот со фудбалерите, одбивањето на тренингот.
XS
SM
MD
LG