Достапни линкови

logo-print

Груевски:нема јасни сигнали за нов предлог за името


Има засилени контакти на посредникот Метју Нимиц на ОН во спорот за името со двете страни, но нема јасни сигнали дека набрзо ќе има нов предлог за името, изјави премиерот Никола Груевски. Тој смета дека белгискиот министер за надворешни работи Стевен Ванакере кој рече дека спорот би можел да се реши за неколку недели, ги темели ваквите тврдења токму на засилената активност на Нимиц.
Груевски вели дека веројатно е возможно да се стигне до решение за брзо време, но оти за тоа е потребна волја од Грција.
Груевски оцени дека митингот на СДСМ бил скромен по бројност со околу 8 илјади луѓе и оти освен напади и лични дисквалификации Црвенковски не понудил решенија на проблемите. Груевски рече дека не планира предвремени избори.
XS
SM
MD
LG