Достапни линкови

Утре средба на Милошоски со Филе


Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски утре во Брисел, ќе се сретне со комесарот за проширување и европска соседска политика Штефан Филе. Од македонското министерство за надворешни работи соопштуваат дека Милошоски и Филе ќе разговараат за актуелни теми од евроинтеграцискиот процес на Македонија, односно за реформите поврзани со исполнувањето на копенхашките критериуми за членство, а во пресрет на седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ, што ќе се одржи на 20 јули во Брисел.
XS
SM
MD
LG