Достапни линкови

Предметите на антикорупциска тешко завршуваат со судски епилог


Предметите кои ги отвора Државната комисија за спречување на корупцијата тешко се процесуираат, а уште потешко се реализираат и добиваат конечен судски епилог,изјавил претседателот на државната Антикорупциска комисија Илми Сељами. Тој порачал во борбата против корупцијата да се вклучат сите фактори во државата. Сељами изјавил дека политичката воља за борба против корупцијата треба да се покаже и на дело , а не само декларативно. Тој ги поздравил акциите на МВР , но изјавил дека не треба се да останува на помпезни акции, туку борбата да биде постојана.
XS
SM
MD
LG