Достапни линкови

Во Париз му се суди на поранешниот диктатор на Панама


Денеска во Париз започна судењето на поранешниот диктатор на Панама Мануел Нориега. Тој е обвинет за злоупотреба на сметки од Француската банка за перење на пари заработени од продавање дрога во Колумбија во осумдесетите години на минатиот век. Нориега владееше со Панама од 1981 до 1989. Во Париз беше екстрадиран од Мајами каде беше во затвор изминатите две децении. Тој во Франција е осуден во отсуство на 10 години затвор.
XS
SM
MD
LG