Достапни линкови

Земјите од Западен Балкан според своите заслуги ќе влегуваат во ЕУ


Секоја земја од Западен Балкан ќе стане членка на Европската Унија. Но секоја од нив ќе биде оценувана според сопствените заслуги, изјавил вицепремерот за европска интеграција Васко Наумовски во обраќањето на Летниот универзитет за демократија во Стразбур. Тој оценил дека групниот пристап на зачелнување се покажал полесен за земјите кандидатки, но дека има и успешни индивидуални примери на зачленување. Но каков и пристап да избере ЕУ , земјите од Западен Балкан ќе се интегрират во Унијата, заклучил Наумовски.
XS
SM
MD
LG