Достапни линкови

Полицијата во Хонг Конг во акција против обложувалниците


Полицијата во Хонг Конг денеска соопшти дека разбила голем организиран синџир на нелегални обложувалници за фудбалски натпревари, при што запленила 21 милион долари. 4 лица биле уапсени во акцијата што била изведена на неколку часа пред натпреварот меѓу Германија и Англија, кој, од почетокот на Светското Првенство, бил најголема атракција за обложување досега. Обложувањето е многу популарно во Хонг Конг, но е забрането, освен на официјалната обложувалница за трки на коњи и за фудбал.
XS
SM
MD
LG