Достапни линкови

logo-print

ОБСЕ - Референдумот во Киргистан беше транспарентен


Меѓународните посматрачи ги поздравија напорите на киргистанските власти за создавање услови за мирен референдум за уставните промени две недели по крвавите етнилки насилства. Според ОБСЕ, вчерашното гласање во најголема мерка било транспарентно а нотирани се потребни подобрувања за престојните парламентарни избори.
Изборната комисија во Киргистан претходно соопшти дека околу 90 отсто од гласачите кои излегле на референдум ги поддржуваат предложените уставни промени. Со уставните промени ќе бидат намалени овластувањата на претседателот и Киргистан ќе биде парламентарна демократија. Рускиот претседател Дмитриј Медведев изјави дека референдумот претставува потенцијална опасност за колпас на државата и затоа е потребна силна влада.
XS
SM
MD
LG