Достапни линкови

logo-print

Бугарија го обвини организаторот на бугарските туристи во Охрид.


Бугарското обвинителство подигна обвинение против организаторот на патувањето во Охрид на 5 септември минатата година кога при потонување на бродот „Илинден“ во водите на Охридското Езеро животот го загубија 15 бугарски туристи. Борјана Георгиева се товари дека извршувала услуги на надворешен тур-оператор, иако за тоа немала лиценца. На Георгиева ќе и се суди во во Димитровград каде што и живее.
За потонувањето на „Илинден“ обвинение покрена и македонското Обвинителство против капетанот на бродот Сотир Филески и од контролорот на фирмата „Лојд“ Бранко Баиќ, кој вршел технички преглед на „Илинден“. Филески и Баиќ се товарат за кривично дело - предизвикување тешки дела против безбедноста на имотот и сообраќајот.
XS
SM
MD
LG