Достапни линкови

Друцас во посета на Франција


Заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас од денеска ќе престојува во дводневна посета на Франција. Друцас ќе се сретне со шефот на француската дипломатија Бернар Кушнер, со кого ќе разговара за билатералните односи, за проширувањето на ЕУ, за имплментацијата на Лисабонскиот договор и други прашања. Една од темите ќе биде и европската иднина на Западен Балкан. Друцас ќе има обраќање и на Францускиот институт за меѓународни односи.
XS
SM
MD
LG