Достапни линкови

Панета-војната во Авганистан потешка од очекувањата


Шефот на ЦИА, Леон Панета изјави дека војната во Авганистан ќе биде потешка и подолга од очекувањата и покрај успехот во борбата со Ал Каеда и Талибанците. Тој смета дека Соединетите Американски Држави се соочуваат со земја која има проблеми со владата, корупцијата, трговијата со дрога, како и со бунтовниците и затоа ја поздрави стратегијата на претседателот Барак Обама за испраќање на нови странски сили во Авганистан.
XS
SM
MD
LG