Достапни линкови

Граѓаните на Киргистан гласаа за уставни промени


Изборната комисија во Киргистан соопшти дека околу 90 отсто од гласачите кои излегле на референдум ги поддржуваат предложените уставни промени. Целосните резултати ќе бидат готови за два дена. Со уставните промени ќе бидат намалени овластувањата на претседателот и Киргистан ќе биде парламентарна република. Рускиот претседател Дмитри Медведев изјави дека референдумот претставува потенцијална опасност за колпас на државата и затоа е потребна силна влада.
XS
SM
MD
LG